Елена Пренџова е поетеса, слемерка и препејувачка од Македонија. Таа е магистерка по Филолошки науки и дипломирана професорка по Англиски јазик и книжевност. Менторира работилници за слем и креативно пишување. Авторка е на десетина поетски книги. Пренџова е националната претставничка на Европското слем-првенство од 2016 година. Организира и соорганизира слем-настани и слем-натпревари во од 2013 година, вклучително и националниот слем-натпревар. Во 2015 година ѝ беше доделена едномесечна писателска резиденција во Албанија, стипендирана од „Поетека Албанија“, Министерството за култура во Албанија и Традуки мрежата, а во 2019 година беше стипендистка на програмата за перформативни уметсности i-Portunus и „Креативна Европа“ остварувајќи резиденцијален престој во Естонија и Словенија и во 2021 година на европската програма за писателски резиденции на РЕАД и престојуваше во Белград, Србија, каде менторираше слем-работилници и настапуваше на слем-настани.
