Ердал Алова – ДЕТЕТО РОБ

Извиткан во алги и лушпи
Вадејќи го позеленет од морето
Бронзеното тело со глава без нос
Тенко палто избледено од солта
Изморен поглед со раката одназад.
Веднаш го познав.
Дали го купивме од пазар
Дали беше бакшиш од пиратите ?
Ја изгубил алката,
Каде што му беа напишани годините,
Земјата, способностите, јазикот .
Но, ние, веднаш го прочитавме
Натписот на вратот кој не се гледаше,

ЈАС ВО ОВОЈ СВЕТ ДОЈДОВ
ЗА ДА РАБОТАМ.

mk_MKMK