Пешачиме низ едно старо море
Во новите сокаци на градот
Ги испливаваме старите сокаци
На едно ново населено море
„Тука некаде мора да е старото пристаниште.
Дали беше овој стариот сокак
Што паднавме во морето од чардакок
Од искршениот изгубен кревет?“
„Еве ja карпата што мисли
Останата од старото пристаниште,
На која вресекот на галебите
се врзуваат како на коноп“
„Колку пати го побаравме местото
На светилиштето во кое се засолнуваме
Од дождовите и од направените грешки.
Таму ли беше јавната куќа?
Можеби e останата некаде на отворено по брегот“
„Дали овие скали што водат кон морето
Може да нѐ однесат до извајаната авлија,
Каде што ни тишината ни алгите
Барем еднаш да го споменале нашето име ?
Пешачиме
Сокаците дури почнаа да стареат
Морето кое почна да се преселува
Пливајќи во еден од старите сокаци.