Ердал Алова – ГРАДОТ НА ПРАШАЊАТА

Овде, ноздрите нѐ печат
Од непознатата трева
Колку сега сме ние истите што
Времето го поминувавме покрај старото пристаниште
Колку е сина
Татулата што  постојано ни е пред очи
Дали е потемна  или посветла ?
Дали е истиот глас
Од тропање на  испуканите садови
Што ни зуи во ушите ?
Дали е таа ладовина што ја знаеме  или
прстите  в зори што шетаа  по
мазните колкови што ги оставивме ?
Навистина дали ориганото го искрвави нашето детство
Што започнуваше да чади среде бел ден ?
Дали ловориките беа  што ни ги гореа усните
Дали споменот е,  колку и болката
По ловоровиот пат што го познававме ?
Овде, квичејќи меѓу трњето,
Секогаш го поставуваме истото  прашање
Во овој град,  знаеме и јасно ни е како ден :
Дури и најбестрашната река
Еден ден се враќа во својот извор
Не е небото  туку ние сме тие што трепкаме.