Никогаш не ги запознав станарите во мојот живот.
Не знаев кога излегуваат, кога влегуваат,
во кое непознато годишно време им одмораат несреќите.
Жените го напуштале телово и ја трескале вратата
дури се жалеле за мојата тага,
понекогаш се жалеле за влагата,
за студот што стегнал, за некоја чудна мувла во креденецот.
Секогаш си одат без да платат тие станари во мојот живот
а дворот одново е напуштен
во овој попатен хотел во кој секогаш е ноќе.
Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески