Федерико Диас Гранадос – ЅВОНАТ ЅВОНЧИЊА

Тропаат, ме викаат.
Ѕвонат ѕвончиња дома.
Некој бара нешто во неочекуван час.
Може е поштарот
или мормоните што нудат библии,
некој расеан туѓинец
или питачот што доаѓа за парче леб.
Може е сосетката која сака да зборува за скапотијата
или нејзиниот сопруг лихварот да си ја собере каматата.
Може е водоводџијата
или Циганката за да претскаже лоши денови,
чудни чуми и бесни зарази.
Кој тропа во ова незгодно време.
Не е љубовта,
не е ни син ми, ни татко ми.
Ќе да се смртта и старо купувам
кои доаѓаат по моето поразено тело
или пак газдата за да ме избрка,
што е едно и исто.

Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески

mk_MKMK