Дали го слушаш ти го
слушаш светот
си мислиш, но се слушаш само
и само себеси, мрачниот јазик
на светот скриените места
под дрвјата зад светлата
е мракот, паѓаш надолу толку
длабоко, можеш да паѓаш низ него
засекогаш, и колку е гласен
светот, ноќта во дрвјата
како јато папагали се искачува
мрачниот јазик на светот
се искачува низ тебе додека
паѓаш, мило себемило
осамено, самопаѓање молчешкум
неми усни обликуваат звук