Ганцецег Церендамба – ПРОСВЕТЛУВАЊЕ – ПОТРАГА

Набљудувајќи ги облаците што лебдат
Ветерот од другиот свет дува нежно
Мојата желба да ја дофатам длабината на високото небо одгоре
…тивко како ветер.
Звук на ехо, срцебиење…
Цимолењето на расплаканата девојка нема да се чуе
Тоа е толку вистинито што почувствува дека крвта не е црвена, туку
друга боја
Тоа е просветлување, кога ја бараш црната боја среде длабок мрак во
ноќта
Тоа е како да си паднал главечки на дното од бунарот.
Времето изгледа застанато, додека седиме во мирисот на темјанот
Се присилувам себеси да го извадам ладното железо од срцето
Желбата да го откинам црвеното јаболко од јаболкницата
Исчезнува, преобразувајќи се во забава, во мирис на смрека
Тоа е просветлување, потполно сам да ја слушаш мелодијата на
универзумот
Додека седиме обземени со тага гледајќи кон боите на ѕвездите
Тоа е просветлување, коешто умее да ја смири мојата жилава душа.
Гледајќи го телото во огледало на месечева светлина, која продира низ
прозорецот
Ослободувајќи се засекогаш од сите свилени скапоцености и удобности
Имајќи го само венчалниот прстен што светка на месечевата светлина.

Превод од монголски јазик: Литов (Леетив) Намдагжанчивин

mk_MKMK