Џорџ Марио Анхел Кинтеро – БЕЗ ДА ЗНАЕМЕ

БЕЗ ДА ЗНАЕМЕ
Деновите кои ги живееме,
Нé приближуваат
До слатката ноќ.
Кога светулките
Трепкаат во полињата,
Се прашуваме
Дали нешто знаеме,
Додека го креваме
Гласот кон небесата,
И ја славиме
Радоста што сме живи.

Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK