Течниот воздух,
богат,
низ миризлива живост
сини сојки
пропаѓаат, крескаат
во обид да го
испитаат бујното струење
од бугенвилии и папрати.
Цементот не е трајна кожа
врз која се уктовува чувството.
Речиси ослободен од мисли
веќе во толкаво движење.
Блискост,
двор на натрупани стратегии,
ѓубре подуено од влага,
изложеност и напуштеност,
набрани и скршени,
зеленикави и миризливи
од случаен раст.
И сѐ уште
нештата трпат
да се лепливи,
да се медени,
да привлекуваат,
и само на мал дел
да им зарасне корка.
Делумна
е слабоста за
повеќе врева,
повеќе пијани цвеќиња,
брмчење, улишта,
за спојување
та да станат заборавливи.
Во таква
тежина
ништо не се случува.
(Малото гнездо
беше невидливо
пред и откако
портокаловиот камион
ја сврти
фудбалската топка
и го сруши
старото дрво.)
Дамките едноставно
се покривка.
Часовите
тонат во
разбрануваните гранки.
Планините
се запечатуваат и се слизгаат
нагоре
кон удобноста
на злоупотребата
и крвавењето.
Загушлив
полн со каење
и сѐ уште
распупува.
Крвав,
инфантилен
во сенката што боде.
Искривен од
болка,
гадењето
од лоша нечистотија
падната врз грчеви,
врз непостојаност,
врз бакнежи
под пластика.
Секогаш
ќебе,
глува бара.
Нема веќе
треперење.
Парчиња цигла
во калта.
Превод: Никола Ѓелинчески