Џорџ Марио Анхел Кинтеро – РУШЕВИНИ, РУШЕВИНИ, ДО КРАЈ.

Ложиштето го трпи трудот потребен.
Грч во мрморот
протекува низ ’рбетот на куќата.
Здробени потпали
за побргу да запали.
Се стишуваат
распукани гламни
бедно соѕидани.
Сè сега паѓа,
сè сега желба.
Дланките оттогаш молат
за земја далечна.
Во излеаниот крш.

Превод: Никола Ѓелинчески