Се враќа сеќавањето во ходникот,
во твојата соба
обложена со сенка.
Строгата стаклена врата
нè разделува:
од другата страна, ти можеби спушташ ѓердан
во кутијата за накит,
од оваа страна, јас се притискам до сомнежот на тишината.
Што друго значи тоа што те љубев освен примирје
на копнежот по бидување?
Што друго е освен болка тоа што знам дека
отаде вратата – разоружена – го чекаш
повикот на отсуството?
Јас чувам надеж и ѝ се препуштам на празнината,
каде што не постои повеќе каде
и каде што молчи кога:
да те љубам без честа
на оној што – ранет, уморен –
љуби и постои.
Препев: Наташа Сарџоска