Џерардо Мазучо – **

Сите – писма тукушто ги запалив,
и забелешките, записите,
сега, штом се вооружив со смртта
– легитимната одбрана, чинам –
му се наложив на животот.

Меѓу листовите запалив
дури и едно бело ливче
на кое пишуваше
– во аголот долу во празнината –
со нејасен ракопис: „Да се сочува“.

Тој неодбранет глагол
– енигмата на она што дава отпор
расфрлана во ништожноста –
не е ништо друго освен јас самиот, и е секој човек
што се труди да остане, а не е.

„Да се сочува“, ама јас го изгорев,
љубовен бунт.

Сега, кога животот ме бара
а јас упорно доцнам,
не сум јас поет,
туку ја одбивам суштината на човекот.

Препев: Наташа Сарџоска

mk_MKMK