Знам, викаше таа, знам: телефоните
не постојат, секаде е крај на светот,
луѓето лежат смачкани по плочниците,
се умира простум, на грб, помешечки,
без предупредување. Остануваат само мачките
за да се именува љубовта
на работ од бездната, и толку полошо за оние
што мирно спијат, толку полошо
за неутешнатата рамнина: вечното жито,
вечното синило и никаде ни најмало зрно
од планина на хоризонтот, ни најмало
ехо од тебе во таа бескрајна пустина,
ни најлесен трепет на крајот од телефонската жица
барем како глас што ќе ја успие ноќта.
Превод од француски јазик Влада Урошевиќ