Гитис Норвилас – ЛИЦЕ ЛИЦЕ ЛИЦЕ

лицето е позадина – рамка за ритуалните маски на градот – лицето е
лице без разлика колку се шири сакам кога се шири како сонцето што се шири
лицето не вели ништо само устата зборува Мунк – лицето е само силуета
на еден врисок – не е потребно да се врисне освен како ехо
лицето умира последно (ќе ги заборавам ноктите и косата) – се отвора во
есен кога јаките се носат во улици–рамки
лицата прејасно ги гледал Сезан – врз лененото платно оставал бела
многуаголна флека –
лицето е грч на нерви мускули очи – гнездо сцени со
виваци* – полиени со вода
лицето прикажува повеќе криминал отколку еден адвокат – лицето –
знаменосецот на просењето
на бојното поле лицата се потребни за да ги препознаат телата
за да го препознаеш стравот сред шумата далеку од живеалишта – некои
лица се исти ко оние на змиите –
фосилни лица – кои се делат во безбројни фрагменти
на веѓи
сакаш сам да се полудиш – запрашај се: „што е моево лице?“ и тркни кон
телевизорот
сакам лица ако се од јагленокопачи – кога слегле во рудниците – кога
се враќаат од рудниците
врз нивните лица ги носат планините до нивните жени – ги оставаат
врз гради и усни – – – – – – – – – –
лицето е рудник кој се руши – или останува како празна шуплина – за влажноста
на улиците за темнината на лилјаците
лицата зборуваат кога концентрираниот метански гас експлодира…
 
Превод: Горјан Костоски