Гојко Божовиќ – БЛИСКИТЕ БОЖЕСТВА

Блиските божества веќе не знаат приказни
Со кои можеле да се извршат
Дневните и годишните работи,
Заедно со летнината,
Да ги соберат преостанатите видливи сенки,
Да најдат извор со уште поладна вода,
Да замесат леб и врз лебот,
румен од возбуда,
Да стават сол искушана меѓу прстите,
Во шумата да откријат гнездо,
Во реката пастрмка,
Со месечината да ја поврзат плимата,
Со стапалото осеката,
А тогаш и жлездите со други жлезди.
Блиските божества веќе не знаат приказни.
 
Превод: Никола Кукунеш