Гордана Михаилова Бошнакоска – НИКОГАШ НЕ СУМ ПЛИВАЛА ВО ТИХИ ОКЕАН

„…Нејзината душа поголема е од океанот…“
(Фиона во “Трите Кралеви“, Вилијам Шекспир)

Никогаш не сум пливала
во Тихи Океан
а сум стоела на песочниот брег
и брановите доаѓале до мене
до моите стапала боси
јас со капа на глава
а тие доѓаа и доаѓаа
неуморно до босите стапала
ме вовлекуваа во желбата
да запливам макар за миг
во неговата темна тишина
во неговата несогледлива далечина.
Не, никогаш не сум пливала
во Тихи Океан.

mk_MKMK