Гордана Михаилова Бошнакоска

Гордана Михаилова Бошнакоска родена е во Битола (Македонија) на 1.09.1940 година. Живее во Скопје. Работела како уредник во Македонската Телевизија и студирала на факултетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија (14 книги). За Планини од картонски кутии ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ во 1998 година на „Струшките вечери на поезија“, а за книгата Песна на ридот наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов“. Пишува поезија, проза, литературна критика, есеи за ликовната уметност, и ТВ емисии за литература и уметност. Објавени се преводи на нејзината поезија (англиски, француски, италијански, германски, шпански, српски, словенечки, хрватски, бугарски, албански, грчки и др.) и преводи од проза (чешки, полски, шведски, хрватски и др.). За нејзиното творештво се искажале многу литературни критичари и писатели. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (од 1965 година) и член на Македонскиот Пен Центар (од 1970 година).

Песна: НИКОГАШ НЕ СУМ ПЛИВАЛА ВО ТИХИ ОКЕАН

mk_MKMK