Хабиб Тенгур – РАЗГОВОР СО МОХАМЕД ДИБ

Оние бели исправени камења потпрени живи
Однесени отаде егзилот зачувани
Во денот составен од исправени сеќавања
Оние кои танцуваат на далечен шепот исткаен во ехо
На добредојде резервирано на оној кој се подготвува мртов
Ликот полеан со сита желба
Оние кои го расекуваат за момент образот црвен како квечерина
Исполнет затворен прозорец ноќна светилка живот
Сеќавање потоа кружи марамче над рамнината
Оние црни искалени чуварки на племето уловени
Изгледаат разбеснети дури после третиот напад
За да потонат во пепелта засекогаш да исчезнат
Оние златни идоли на едно светло детство паднати
Времето го сврти срцето откако го загуби погледот празен
Куќата под овации за збогум
О сите оние кои љубовта не ги допрела со желба
Кои те оставаат свиткан на едно место жално
Те набљудуваат во бавното биење на една лага
И Таа единствена која те остава во ноќта проветрена.
 
Превод од француски јазик Надица Николоска

mk_MKMK