Хабиб Тенгур – СЕНКИ 10

Сите овие мртви
кои полека се повлекуваат од нашите животи
што сме им понудиле ние цело ова време
зборови премногу расплетени за да можат да родат поема
зборови задржани од каење или од овој страв
кој виси пред нашите очи
уште од зората на времето, како што велат старите
зборови чија употреба ни станува мрачна
понекогаш се запрашуваме за славењето
нивниот раскош не ја осветлува нашата чудна желба за сеќавање

Превод од француски јазик Надица Николоска

mk_MKMK