По секој протест, многу единечни чевли остануваат на Плоштад…
Знак дека нивните газди боси киднале
Некој ден гледаш куп луѓе со изгланцани кондури
Луѓе со двете чевли. Чиниш спиејат обуени …
Се случил масакр. Никој не се спасил
Ова не е поезија. После Герника, Аушвиц, Сребреница, Косово
Какво значење веќе има поезијата?
Тоа е само сеќавање на глас!