Хава Пинхас-Коен – МОИТЕ ПОЗНАВАЊА ОД ТИШИНАТА

моите познавања од тишината
влечат корени од желбата
што е заглавена во мене како меур
што ниту може да се голтне, ниту да се поврати
 
мојот глас е шушкав звук, сплетен
од предмети и дела и самопроцена
што се во мојата куќа
 
моите познавања од поезијата
влечат корени од тоа што сум задушена и попречена
 
како запечатена уста со засек
што ги поврзува и ги разделува усните
како јазик што љуби и бара да ги
бакнува, да ги раѓа и да ги изговара
 
јазиците на желбата.
 
Препев од англиски јазик: Елида Мелова