Хавива Педаја – КОЛЕЖОТ

Како љубовта на месото за лепилото на месото
Како омразата на ноќта за флуоресцентната ламба
Како тесни улички како тесни фармерки
Како сад светлечко ѓубре кое се претура
И зуењето на муви зборови комарци убоди
И ножот за обезглавување јунци на вратот
Кога тој коли вели ти дадов сè а ти крвавиш
Јас останав без ништо
И тогаш јуницата го зема ножот и самата се заколува
Како љубовта на парата за паричникот
Како омразата на портата за бравата
Како престрашена ноќ со своите слики во своите фиоки своите богатства своите завеси
Како сонце кое зема лозинки како пљачка
Сега последното кафе последната цигара обетките црвените чевли
Остри зборови
Сега пивата пурите зазјапаните очи парчињата од зборови и лозинки
И ножот ја обвинува јуницата ти дадов сè а ти крвавиш
Јас останав без ништо
И тогаш јуницата го зема ножот и самата се заколува
И сè се повторува сè почнува повторно од почетокот
Како љубовта на месото за лепилото на месото како омразата на ноќта за ламбата
Ти дадов сè зеде сè
А сега ајде да почнеме од почеток

Превод: Горјан Костоски