Небата ми натежнале, Алберто
не со тежината, ами
со тоа што
воздухот
ми го крадат.
Илјада и дваесет длабоки оддишки останати
за небото, Алберто
повисоки од највишната нота
некогаш во вселената воспеана
не прашувај ме дали земјата ја знам,
Алберто
прашај колку оддишки
ме оддалечуваат од неа.
Превод од англиски јазик Горјан Костовски