Хила Лахав – БЛАГОСЛОВЕНИ

Благословени се оние кои течно зборуваат Самотнички,
оти тие ќе сфатат.
Тишината има безброј синоними:
штамава е твоето присуство,
мирнотијава значи: те нема.
Блаженството e без зборови.
„Еве сум“ во превод е:
„стој“.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски