Хуан Октавио Пренс – АВТОПОРТРЕТ

Една девојка Истранка, веќе повеќе од половина век, слегува
по благото ритче кое сега јас го искачувам.
 
Веќе повеќе од половина век, едно момче желно за мугри
и со илјада иднини во очите талка по едно друго благо ритче.
 
Прават гнездо во земја со пространи краеви
кај што погледот не завршува.
 
И, како што е редно,
носат на свет птица.
 
Превод: Никола Ѓелинчески