Од овој значаен град Асунсион, овој јануари 1580 година,
јас, Хуан де Гарај, го наредувам вечното основање на Буенос Аирес.
Наредувам да се основа секојпат кога ќе го опустошат ордите.
Не предвидувам ни злато ни сребро.
Го најавувам само богатството од коњарство
и благодатот на земја желна за расад.
Стојам на страната на умерената сладост и суровост на деновиве.
Историјата ќе ми се заблагодари што сум го избрал овој изговор со коњи
и тоа ќоше без вкус и без трески.
Ќе знае ли некој да ми го исплати местото во легендите кое им го оставам?
Превод: Никола Ѓелинчески