Игор Трпчески

Трпчески Игор – роден на 11ти Октомври 1974г. во Прилеп. Дипломира на ФДУ Скопје 1997г. во класата на професор Владимир Милчин, специјализира театарска режија на НАТФИЗ Софија 2004г. во класата на професор Крикор Азарјан. Вработен како актер во Народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп од 1998г. каде одиграл над 50 претстави. Првенец на ансамблот при НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп.

Од 2003та регистрира Здружение на граѓани Театарска Работилница Прилеп и со неа работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти. Се јавува и како организатор на концерти, самостојни изложби и како издавач на повеќе авторски и збирки на поезија. Еден од проектите на Театарска Работилница Прилеп е Поетскиот Слем Македонија (поетски натпревар) кој од 2011 година редовно се одржува во Прилеп. Победниците на натпреварот ја претставуваат Македонија на европскиот Поетски Слем.

Театарска Работилница Прилеп учествува на бројни културни настани организирани на ниво на градот како: Карневалот Прочка, Пречек на Нова Година на плоштад, Јубилеј 40 години на Детски градинки Наша Иднина, Месец на здраво дете, Поетско Маркукуле, Од нас за Прилеп, МТФ Војдан Чернодрински, Сите на Велосипед и многу други.

Песна: Зар тешко е? Зарем тешко е!?

mk_MKMK