IN MEMORIAM: Радован Павловски (1937 – 2022)

Во чест на Радован Павловски, принцот на метафората. Помеѓу бројните награди, добитник на Браќа Миладиновци (1965, 2002) како и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). На фотографијата е неговиот настап на „Мостови“ на Струшките вечери на поезијата 2019 година, каде што ја чита песната

ЗРНО

Во мене живее житието на народот

А со мене

И судбини по светот се пребројуваат

Да не ми остане семето во темнина

Земјата да не ми огрубее, овенее

И низ камен отварам пат

Породот кон сонце го водам

Во невреме јас знам химна да запеам

Потоа кон ѕвездите да се оддалечам

и да бидам вечна светлина

Над шари од жита и народи.

mk_MKMK