Лакот на грлото ѝ се затега,
нозете ѝ се подраширено-стабилни,
рацете, пак, вклештено-подвижни,
градите и стомакот: давеничко-надуени.
Изнурнува неспокојно песната на сирената,
по планктоните се јази пругоре,
но јагула на патот ги разнишува скалилата
и гласот пропаѓа повторно во длабочините.
Каква бурна ноќ во операта!
Славната Салома го губи гласот
пред очите на илјадната публика
и главата на љубениот Јован.