Иван (Ивица) Џепароски – ПЕТЕЛ

(според скулптурата на Константин Бранкуши, 1924/1941)

Во сенката на великиот даб
петелот никогаш не ќе пропее.
Гласот негов нема да подрипне
од сјајот на прекрасното тело.
Ги гледа тој со восхит
извиените човечки гранки
мермерен бакнеж како творат.
Горделивец тој е и самец!
Да се водат кокошките
не е воопшто лесно.
Гласот треба да е силен,
да му пречи дури и на господ.
„Можен ли е Ахил
со олово и барут . . .
Илијада со печатарска преса“,
Можен ли е петел,
излиен во бронза,
со гласот ѕвонец
предмети да буди.
Горделивец тој е и самец!
Кокошки со радост води,
Петел над петлите!
Потомок на грофот грозен,
Алкибијадски чувства дели.
Љубов внесува меѓу пердувести
и меѓу златести петли.

mk_MKMK