Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје) е поет, естетичар, теоретичар на културата и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на триесет книги, и тоа: на седум поетски книги, на четиринаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, на три поетски антологии и на шест теориско-есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993) „Парадигма“ (2009), „Браќа Миладиновци“(2016) и „Книжевен жезол“ (2021). Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил раководител на Институтот по филозофија (2004-2009; 2013-2021) и секретар на Македонскиот П.Е.Н. Центар (1999-2001; 2008-2014). Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум. Неговата поезија и некои од неговите теориски дела се преведени во посебни книги на над дваесет странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во превод на англиски, бугарски, српски, албански и романски јазик. Неговата антологија Македонскиот есеј преведена е на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик.
Песна: ПЕТЕЛ