Јан Лауверајнс – ПРЕГРНИ ЈА ИМПЛОЗИЈАТА: ЗАГУБЕН СТИЛ НА ИМПЛОЗИЈАТА

Сонцето изгреа. Ги слушав оружјата како татнат,
како ‘ржат, Нема уред за комуникација. Зградата стави
предупредувања на по некој ѕид, но на научникот не му беше грижа.
Некаков ‘рт ми го лижеше
и посакуваше мојот велосипед еднобрзинец,
животов.
Има полоши работи за плашење
Од тоа да те касне куче.
 
Сонцето зајде.
Личат ли на убијци?
Личат!
 
Коњот пука (кондензирано млеко).
Јазичарот призна дека се збунил, беспрекорни чаури.
Камерите на државната телевизија видоа јасно.
 
Нема уред за комуникација.
Сонцето изгреа штом сонцето зајде.
Ги слушав оружјата како му зборуваат на коњот.
Ти личам ли на убиец?
‘Ртот ‘ржи.
 
Превод: Ана Топенчарова