Јана Радичевиќ – мелагодон лантимос во епизодата за расчеречување на психата и јазикот како итроштина, огледи

самантите сè уште живеат во мексиканските серии
историјата е флуидна
бран сум со вибрирачки електромагнетни полиња
кога ќе ја достигнам брзината од 300.000 км/сек. ме викаат светлина
кога ќе се прекршам се сторуваат сто милијарди пати по
сто милијарди ѕвезди и пак е темно
земјината површина не е за нешта направени од човекот
на national geographic првпат го открив дарвин
како што густафсон ги открил своите песни зашто тие се нешто што се открива
штом веќе егзистира останува само да се открие
Се замислував себеси во брзината на сите чинови на создавање
Умот станува хаос на радоста

дали е навистина можно да се задржиш на Едно
под услов да не сме лајбниц
пред другите сме рационалисти, по потреба конформисти
во собите себично мазохисти
во природата стануваме мистични
во училиштето нè учеа никогаш да не ја почнуваме следната реченица со иста буква
притоа не ги наведоа исклучоците
влегов во часовничарскиот дуќан подготвена да купам џебен часовник кој не е на продажба
годината е 2017
и средината не е рурална
иако средиштето е
во таквите мигови секогаш се присетувам на дикенс
големите преголемите магалодон очекувања
нè водат само таму каде што сакаат да одиме
нè учат само толку колку што треба да знаеме
затоа речниците чинат повеќе, јазикот е скапа течност
а малите умови секогаш полесно се контролираат
витгенштајн овде би ставил точка

mk_MKMK