Јасухиро Јоцумото – Даночникот и сопругата

Така е насловена сликата што
виси во напуштениот ходник осветлен од зимското сонце.
Расфрлани парички насекаде,
отворен дебел тефтер спружен врз масата.
Човекот изгледа побожно посветен,
ја кренал вагата високо, мери и премерува,
а сопругата невино му ги набљудува потезите,
чудно танки ѝ се врвовите на прстите.

Ова сме ние,
на едно место мошне далеку од креветот.
Здивовите им се испреплетени на двајцава како шепотење на перница,
и уверени се дека одговорно и совршено си ја работат работата
дури пљачкаат
незнајни странци.

На едната страна од колебливата вага натежнало
секојдневието преполно со сите човечки чувства.
А што тогаш другата страна толку тврдоглаво се мачи да израмни?

Светлоста од свеќата во рамката со слика е замаглена од облакот вон рамката.
Двава парови на маж и жена се гледаат лице в лице за миг,
та потајно си го одвратуваат опулот
и преминуваат во самракот на другиот.

mk_MKMK