Јасухиро Јоцумото

Јасухиро Јоцумото е роден во 1959. Поет, романсиер, есеист и преведувач. Има издадено 13 поетски збирки, меѓу кои и Насмеаната бубачка (1991), Светскиот конгрес на средовечните (2002, Награда „Јамамото Кеничи“), Попладне на забранети зборови (2003, Награда „Хагивара Сакутаро“), Затвореник на Јапонците (2012, Награда „Ајукава Нобуо“), Кап кап монотонија, неумешно, диво (2017), и Роман (2017). Во превод на англиски јазик издадени се: Семејна соба и Песни од Минашита Кириу, Јоцумото Јасухиро и Сох Сакон (обете издадени од „Вагабонд прес“).
Тој има објавено два романи, Лажниот поет (2015) и Поетскиот дневник на жлездата простата (2018), доследни на класичниот стил на комбинација од стихови и проза. Јасухиро е, исто така, активен во преведувачките води (Поетските дела на хомо сапиенсот – антологија на современа поезија од 32 поети во 22 земји, Дете од Симон Армитаж) и книжевната критика (Шунтарологија, дисертација за поетиката на Шунтаро Таникава, како и собраните есеи За драгите поети!).

Песна: Даночникот и сопругата

mk_MKMK