Жан Понсе

Жан Понсе е роден во 1949 година во Марсеј, Франција. Истовремено Медитеранец и Европеец, живее во родниот град и во одредени подалечни места низ Европа, Азија и Пацификот каде што поминал 30 години како дипломат. Како поет и лингвист, Понсе има објавено девет збирки поезија. Неговата поезија е преведена на арапски, кинески, хрватски, италијански, романски, шпански и турски јазик. Тој превел голем број романски и англиски поети. Во 1997 година бил одликуван со наградата „Луцијан Блага“ за неговиот придонес кон разбирањето на романската поезија во Франција. Жан Понсе соработувал со францускиот преглед „SUD“ од 1988 до 1997 година. До 2011 година тој бил член на уредувачкиот одбор на „Autre SUD“ и на „Феникс“, на кој е коосновач. Тој учествува на Поетскиот фестивал „Гласови во живо“ во Сете уште од зачетокот во 2010 година, најпрвин како издавач, поет-гостин во 2013 година и водител за колегите поети од 2016 година.

Песна: СПОМЕН ЗА ТАТКО МИ

mk_MKMK