Џон Јау – За духот на Жан Виго

Ја почнав песнава набргу откако ја задушив кукавицата скриена во мојот будилник 
Никогаш нема да сркнам супа со букви, дури ни од јазици што не ги разбирам 
Сакам ме опишат како удав кој се однесува искрено и посветено 
Одбивам да добијам путереста нијанса на бледило за да го подобрам тенот 
Сакам да листам со палец низ книги што немаат грб и кориците им се изгорени
Го поздравувам снегот што се простира кон јагленобојниот хоризонт
Не мавтам со перјена шапка пред себе ниту се фаќам за рачката од мечот 
Нема да ја отворам устата да откријам колку реда заби имам 
Секогаш го местам креветот, дури и кога не го оставам и одам на здодевната работа 
Сакам песни што слободно се потат, првокласно прдат и дремливо уринираат 
Не можам да издржам уште една зима во скривница, прашувајќи се кај летна времето 
Ќе ти ги дадам сите свои листови хартија ако ветиш дека никогаш нема да ми пишеш 
Крадам зашто гордо го оставаш на видело и се однесуваш како да не треба да го земам 
Не сакам ни ти ни некој друг да ми ги простува гревовите
(Напишано на 4 јуни, 2020, ден пред мојот 70-ти роденден)

mk_MKMK