Јоланда Кастањо – СЛАВЕНИЧКИ ЛЕБ (ITS AN UNFAIR WORLD)

Светот е хотел без рецепциски пулт.
Дарбата за речитост не е заедничко добро.
 
Не се разделуваа така ни векните леб ни рибите.
Одлево месото а оддесно коските.
 
Ќе си ја изгубите главата а ви врнат шапки,
богатите ќе имаат пари сиромасите ќе имаат деца.
 
Знам за еден леб кој го дробев на парчиња
касајчиња да се најдат за подоцна,
белки само трошка ќе може да наполни нечија уста,
ако може да засити, во случај да ја отвори.
 
Ко чамци за спасување на сјајниот Титаник,
честаци од чешли за оние
ќелавите.
 
Urbi et orbi [1]на реториката: ниту е тука ниту се очекува.
Тука се плетат бради, а ти сè уште без вилица.
 
На некои усти им беа дадени три секунди сеќавање.
А Бог ќе му го даде тој леб
на некој со помалку заби.
 
Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK