Жозеп Педралс – ТРИ СОНЕТИ, 7

Не е чудо што премре.
Во тоа дувло венерично,
само со ветерот од собното ладало
и со палминиот лист етерот го зовре.
Сѐ беше застоено во просторот:
густа тешка пареа, мирудии,
спокоен чад, кроток поглед преполн сјај,
љубомори меѓу Персија,
и дивите џунгли на Парагвај,
крик на папагал, и очај.
Трагедијата се резимира
на беспаќето прозаично.
И насреде мозаикот, лично
музата неподвижна, апоплексична.

Превод од каталонски јазик Наташа Сарџоска