Јовица Ивановски – МЕРКА ДА СЕ НЕМАЛО

Нè изеде времето.
Што апетит ќе имаше.
Веројатно има добар метаболизам,
инаку ќе тежеше повеќе од сто кила.
Не престана да џвака и од сè сака да проба –
ме потсетува на еден мој другар.
Непребирливо и алчно,
размачкано – му капе од уста
и се брише со што стигне.
Сите ќе нè изеде,
и после само ќе ждригне
како Генто после
триесет ќебапчиња.

mk_MKMK