Денот пак малку невкусно „корне“ на нешто
следни губитоци, но денес толку средени,
што дури не се ни лутиш
сè повеќе и повеќе да се приближуваат на својот расклатен час
од ненамерна руина
за пак можеби да биде само исто-исто
само во меѓувреме копнеж и насмев, на кој ти пред сè не му веруваш
во млаките утрински улици на туѓиот град–
постојано пак повторлива борба со часовите, со бегањето
од смешното друштво на некои светски
и со нешто изменаџирани луѓе
со свирење панк, што не боли
со свирење панк, што седнува, мора, дел е од нешто:
некаде подоцна во осамениот бар меѓу слепите канали некој извлекува стара плоча
од Бил Хејли
не е, не знам–
заедно ја гледаме надворешната темнина на заспаната периферија зад сите замислени
периферии на градот
се обидуваме да заборавиме нешто
меѓу продирањето меѓу мијалникот и оставата со место за полски клозет
некогаш копнееме по едноставно заборавање
на патот на трамвајската станица Меѓу островите
Превод од чешки јазик Драган Георгиевски