Јури Талвет – ПАТОТ, ПАТОТ!

Среќен Божиќ! Среќна Нова година!
Како по обичај. Имам стара навика да чувам
адреси во адресар: четврт век
живот кој не се повторува
или можеби се повторува во друго време.
Истекува. Исусе! Заратустра.
Буда. Време е одново да ги напишеме нив,
да ги избришеме мртвите, оние што ни се при срце –
сега припиени, сраснати со хартијата
како коски споени со снегот.
Некаква љубопитност, некаква суета. Ах, Дерида,
како ја одложуваш, како пишуваш и по
сопствената смрт, штом сегашноста се стишува,
штом преданиот хор онемува,
како, како да ја одложам сопственава смрт? Ако Исус
бил роден во пет часот, тогаш јас ќе се разбудам
уште порано, во четири, верувај ми.


Превод и препев:
Горјан Костовски

mk_MKMK