Допирот со самотијата не успева.
Никако
не успева.
Но самотното дрво среде степата
неволно го мами погледот.
Приоѓајќи поблизу, гледам
дека дрвото веќе си има своја птица
што му пее како флејта,
го грее однатре, сместена во шуплинка.
Готов сум да ја проголтам во себе, со сласт
да ѝ ја испијам топлата крв
и да сетам како ѝ гасне срцебиењето
во ритам со моите чекори што заминуваат.