Јуриј Серебријански е казахстански автор со потекло од Полска, книжевен преведувач и истражувач на културата. Неговите дела во проза, поезија и белетристика се објавени во казашки, руски, полски, швајцарски и американски книжевни списанија, а се преведени на казашки, полски, англиски, арапски, кинески, шпански, француски и германски јазик. Во 2010 и 2014 година, тој бил добитник на книжевната награда „Рускаја премија“; во 2017 година, неговата книга Казахстански бајки била избрана за најдобрата двојазична книга за млада публика на книжевниот саем „Патот на свилата“; во 2019 година, неговиот роман Црна ѕвезда, кој го напишал заедно со Бакхитжан Момишули (1941-2012), бил добитник на книжевната награда „Алтин Калам“. Работел како главен уредник на списанието „Есквајер“ во Казахстан од 2016 до 2018 година, а тековно работи како главен уредник на списанието на полската дијаспора во Казахстан „Алматински куриер Полонији“, а и како уредник за проза на руското книжевно списание „Литература“. Серебријански е поет стипендист на Меѓународната писателска програма „IWP“. Во 2019 година, тој бил еден од инструкторите на „IWP“ за нивната младинска програма „Меѓу линиите“. Во 2018 година заедно со преведувачот и истражувач Антон Платонов ја основале „Лабораторијата за книжевен превод“ во Алмати, која во октомври 2020 година објавила колекција од девет современи американски раскази во превод на руски јазик. Тој е член на казахстанскиот ПЕН и на Полското здружение на книжевни преведувачи (член кандидат). Серебријански подготвува докторат во полето на социолингвистиката на „Варминско-мазурскиот универзитет во Олштин“, Полска. Во јуни 2022 година, списанието „Литература“ го објавува неговото најново дело – класичниот роман Меланхоличен валцер од авторката Олга Кобилијанскаја, преведен од украински јазик.
Песна: По Лиличка