Јустина Баргиелска – АВАНТУРА

Дали Big Bang беше само секс? Вродена
грешка, тресење резултат на тресоци? Еј,
капетане, не би сакал да пловиш во вриечкиот
вир на овој стих, а прибирајќи се
до неговото пристаниште, не би отишол во кревет
со ниедна девојка која те демнее во неговите
влажни улички. Нека ја потврди хорот
енергетската ревизија: тука часовникот
нема стрелки. Змијата има стрелка
наместо глава, но се свиткува во клопче.
Девојки со ситни пропорции
од високо ги фрлаат клопчињата во ноќта.
 
 
Превод: Ѕвонко Димоски

mk_MKMK