Кралицата-оган пишува писмо, бегајте, луѓе и автомобили.
Веројатно самата знам најдобро, што е за мене деградирачко.
Кога би ги убила нашите деца и би се возела со нив низ градот,
тоа би било за мене деградирачко. Доколку тоа, што го правам
за да преживеам, би го правела за убавина, тоа би било за мене
деградирачко. Правилната еднаквост не ја загрозува љубовта.
Правилната еднаквост, во која вербата
без загуби може да се замене во копнеж, јазикот
во којшто толку неболно би можела да бидам спасена,
којшто требаше да ми го измислиш, а не го измисли,
тоа би било за мене деградирачки.
Не додавам устички, не испраќам бакнежи, водам војна
на сите фронтови. Одговори ми што побрзо.
Превод: Звонко Димоски