На Јурек
Дали знаеш како се чувствуваш? Некои плочи
снимани се погласно отколку некои други плочи,
едноставно така е, но дали го слушаш својот глас?
Јас не го слушам својот, барем твојот го слушам.
Можеби на дното од океанот. Но ниеден од овие денешниве,
туку тој, за кого мојот син зборува натажено, покажувајќи
на училишното игралиште. И вели: мамо,
се сеќаваш кога не ни беа потребни очи?
Како би можела да заборавам, сине,
од илјадници авантури на мојата бесмртна душа,
таа беше најубавата.
Превод: Звонко Димоски