Тоа е таа. Таа тоа не е. Ја гледате онаа жена?
И јас ја гледам, само што од внатрешноста. Агфо, која сакаш црвено,
погледни ја со мене жената која ја гледам од внатрешноста
и полека се освојувам со мислата дека нема многу такви жени,
и со другата, прилично слична, дека такви жени има милион.
Погледни ме, Агфо, додека сé уште можам да се свртам
и не морам да бидам подобра од претходната јас, бидејќи тоа секогаш
сум јас, бидејќи тој не би допрел никого, кој не би бил јас,
ниту во минатиот, ниту во идниот живот. Всушност, мислам
дека го родив, Агфо, всушност мислам дека можев тоа да го направам.
Превод: Ѕвонко Димоски