Единството е моќ; без единство
жените не можат никаде да се борат за своите права.
Навал Ел Саадави
1.
Фирдаус готвеше и се молеше во
ќелија каде прозорецот и вратата беа цврсто
затворени земјата одекнуваше од она што претстоеше
несреќа беше… нели?
едвај можеше да се распакува првиот пат
кога ја киднапираa мажи и куршуми
што се бореа со омразата под голото небо
а опсаденото ѝ тело липаше за утеха
ода е таа, безгласна и отворена
слободна да прави што сака и
слободна да не го прави тоа…илузија што одлебдува
ѝ ја разјаруваше и гаснеше мистиката, но не и нејзиниот бог.
2.
На честа ѝ требаа големи суми пари за да се заштити
рече ТОЈ, чувствувајќи се мизерно во лавиринтот на Ева
добро упатен во религиозните правила тој владее
со фантазии што никогаш не требаше да се пренаполнат
ТОЈ сакаше да ја носи и да ја кине
љубовта пред љубовта да стигне во градот
Сакаше да освојува со ганц
нови зарови што неодминливо ќе му дадат цена на
тело што таа не го поседуваше
ТАА одговори меѓу трепкање и намигнување
Преферирате портокали или мандарини?…
ѝ стави банкнота од десет фунти меѓу (нејзините) прсти.
Како да кренал превез од (нејзините)
очи и (таа) прогледуваше за првпат.
всушност не се случи она на што помислувате